Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Идриз Кадриу

Идриз Кадриу

Трепром, с. Требош, Тетово

Пилана

тел. 070 215 891

email: tre-prom@yahoo.com

дејност: дрвна индустрија

Во 1990 година, Идриз Кадриу решава да замине во Швајцарија во местото Инерлакен со единствена намера да спечали доволно средства и да се врати во родниот крај и таму да започне свој бизнис.
Се вработува во локалната пилана каде што се обработуват трупци, даски од различни димензии и останати производи наменети за градежништвото.
По поминати седум години во пиланата и стекнатото искуство решава да се врати во Требош и тука да отвори сопствена пилана за обработка на трупци, даски и останата дрвна галантерија наменета за продажба, а исто така почнува да се бави и со градба на дрвени куќи и настрешници по нацрт и барање на купувачите.
Пиланата како цврст објект има површина од 200 метри квадратни и во неа се монтирани 20 машини специјализирани за разна обработка на дрвото. Вредноста на објектот и машините е над 250.000 евра.
Годишно се обработуваат помеѓу 500-800 кубни метри граѓа во зависност од потребите при монтажата на куќите. Во пиланата работат 10 работника претежно членови на пошироката фамилија.