Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Снежана Ставреска


По дипломирањето на Економскиот факултет и постдипломските студии на Универзитетот „Охајо“, стружанката Снежана Ставреска била избрана за најдобар студент во историјата на овој универзитет, што и овозможи ангажман како аналитичар во „Ваховиа банк“, една од најголемите банки во Америка. Од јануари оваа година таа е дел од најголемата инвестициска куќа во САД, „Џеј Пи Морган“, каде е потпретседателка на одделот за кредити за мултимилионски компании, што се заедно говори дека со своите 26 години Ставреска за кус период навистина постигна високи професионални успеси.

Заради промената на компанијата, таа од Шарлот се пресели во Њујорк, и полека се прилагодува на тамошниот живот и се подготвува за новите професионални предизвици...

Во банката работи од октомври 2003 година, во кредитно-истражувачкиот оддел, кој им даваше поддршка на големите компании. Имала две задачи: првата беше одобрување кредити на високи институции кои произведуваат електрична енергија, односно големи електростопанства, како и компаниите за природен гас. Работела како аналитичар и затоа морала да ги покрива, односно да ги анализира нивните барања и понуди. Секогаш кога ќе дошле кај нив со барање за кредити од, да кажеме 500.000 до милијарда долари, таа морала на нејзиниот одговорен да му даде препорака дали да се одобри кредитот, односно дали тие како институција ќе учествуваат во тој инвестиционен процес или не. Тие како банка постојано вложувале од 20 до 30 проценти од главното учество и сите зделки одеа преку Снежана, што значи правела анализа, а потоа и препорака. Како банка имале портфолио од 1,3 милијарди долари, капитал на банката кој го менаџираат.

          Тоа траеше до летото 2004 година, кога ја унапредија во потпретседателка на одделот, каде повторно беше задолжена за електростопанствата и нафтените компании, а на крајот од 2004-та и ги доделија и корпорациите за производство на оружје и воена опрема. Сепак одлучила дека и треба промена и затоа ја прифатила понудата на „Џеј Пи Морган“, каде ќе работи во продажниот, а не во куповниот оддел и се разбира ќе треба да се пресели во Њујорк.

 

Г.Н. Манасиевска

Подготвила: Д.А