Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Дејан Трајковски

Име на компанија: Australian Migration Office

 сопственост: Дејан Трајковски

локација: Скопје

Адреса: Бул. Јане Сандански 26/2-4
Скопје, Македонија, 1000

Тел: +389 2 2403411

Факс: +389 2 2454595

веб сајт: http://www.amo.com.mk

Дејан Трајковски е иселеник повратник кој прв пат заминал со неговите родители во Мелбурн, Австралија во 1981 год. Од тогаш до денес Дејан живее на релација Скопје – Мелбурн.

Работното искуство го стекнува во големи и реномирани организации како „Обединетите Нации (ОН)“ и „Kellogg, Brown and Root“.

По завршување на „Citizenship and Immigration Law” во Мелбурн, се регистрира како Агент за Иселеништво. Набргу по регистрирањето се одлучува да се врати во Скопје и ја отворa фирмата „Australian Migration Office“ која вработува три лица.

Australian Migration Office е единствената регистрирана агенција од овој тип на Балканот и пошироко.

Како Регистриран Агент за Иселеништво, Дејан нуди професионална и сигурна помош за сите можни аспекти на аплицирање за привремени и постојани визи за Австралија.

Сите агенти мора да бидат регистрирани во MARA (Управа за регистрација на агентите за миграција).

Секој регистриран агент за миграција е обврзан со Кодексот за однесување (Code of Conduct) и е прописно квалификуван да дава квалитетни услуги. Агентот мора да се справи со законите, за целосно да го заштити идниот мигрант или посетител. За да биде регистриран, секој агент треба да демонстрира солидни знаења за емиграционата политика и процедура. Под водство на MARA (Управа за регистрација на агентите за миграција), секоја година пред да се ререгистрираат агентите мора да поминат CPD (постојан професионален развој) курсеви.

Истотака, Дејан е член на MIA (Институтот за миграција на Австралија). Овој институт има свој кодекс за однесување, кој мора да се почитува од страна на сите членови. Институтот за миграција е професионален орган што ја претставува миграционата консултантско-професионална индустрија во Австралија и, како таков, е признаен од Одделот за емиграција на Австралија. Членството на Дејан во MIA дава поголема понатамошна заштита.

Австралиските правила за имиграција се мошне комплексни и постојано се менуваат. Доколку одлучите да аплицирате за виза, Дејан Трајковски може да ви го олесни целиот процес и да го направи поефективен. На тој начин ќе заштедите време, затоа што агентот ја презема одговорноста за изгледот на апликацијата, за тоа таа да биде коректно подготвена и да бидат приложени сите потребни документи. Агентот ќе има постојани контакти со канцеларијата каде што се разгледува визата, сè со цел да ги минимизира одложувањата и да се справи со бараните документи. Агентот, исто така, постојано ќе ве информира за статусот на вашата апликација и за промените на релевантните закони или на политиката, кои би можеле да го афектираат резултатот на вашата апликација.

Сите заинтересирани можат да дознаат повеќе за Australian Migration Office на нивната веб страница www.amo.com.mk.