Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Нагиб Фејзи

Нагиб Фејзи е роден 1959 година во Гостивар и на 28-годишна возраст, поточно 1987, решава да замине за Италија. Првите години во иселеништво ги поминал во едно туристичко место Пескокостанец. После три години, 1990 се враќа во Македонија, сакајќи да започне сопствен бизнис. По само неколку месеци одново заминува за Италија, меѓутоа овојпат со целото семејство. Во 1991 година се преселува во Рим, каде и денеска живее и работи. Во италијанската метропола започнува да работи во една млекарница, каде со текот на времето бил унапреден во главен одговорен на фирмата. За пет години успева да ја купи млекарницата “Caseficio Cesarina” во Рим, каде се уште работи и произведува.

Во 2002 година повторно решава да инвестира во неговото родно место, бидејќи условите за започнување сопствен бизнис биле многу подобрени. Еден дел од семејството се вратил назад и сега сите работат во семејната фирма за млекопреработка насловена исто како и римската “Caseficio Cesarina”, а се наоѓа во село Беловиште – Гостивар.

Во палетата на производи значајно место зазема и надалеку познатото сирење Моцарела, а неговите артикли имаат широк пласман низ Македонија.