Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Рамадан Вејсели

Име на компанија

Балкан Тритикум Мел

Сопственик

Рамадан Вејсели

Балкан Тритикум Мел е современ млин за брашно кој се наоѓа во село Џепчиште-Тетовско.  Млинот има капацитет од 50 тона пченица дневно. Располага со најсовремена опрема со заокружен  и автоматизиран процес по сите стандарди за обработка на пченица. Компанијата располага со машински парк набавен од Швајцарија од реномираниот производител Bjuler. Машините се сместени во производствена хала со соодветни димензии. Покрај ова Балкан Тритикум Мел за одвивање на процесот на производство располага со силоси од кои бетонски со капацитет од 5 000 тони и два метални хромирани од по 2 000 тона.

Производниот асортиман на компанијата е брашно за широка потрошувачка тип 400 и 500 спакувано во книжна амбалажа од 1кг, 2кг, 5кг и 25кг. Исто така во млинот се произведува висококвалитетна сточна храна во пакување од 25 килограми.

Целата инвестиција изнесува повеќе од 1 000 000 евра. Во млинот се вработени 9 лица.

Бизнисот на Балкан Тритикум Мел е во сопственост на г-дин Рамадан Вејсели кој со започнувањето на овој бизнис решил да се врати од Швајцарија каде претходно живеел.

Тел

+ 389 44 487 181