Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Фатмир Емини

Име на компанија

Бег Пејпер

Сопственик

Фатмир Емини

Компанијата Бег Пејпер е основана 2004 година. Дејноста на компанијата е производство на хартиени вреќи.
Во производствениот асортиман на компанијата се застапени натрон вреќи кои се произведуваат во сите видови и димензии, како стандардни така и нестандардни. Вреќите може да бидат од отворен тип или вентил вреќи, како и вреќи со додаден полиетилен. Во зависност од желбата на купувачите вреќите се печатат во четири бои.

Производите на Бег Пејпер се наменети за пакување на храна за населението, за сточна храна, материјали наменети за градежништвото и друго.

Како суровина за производство се користи бела и жолта хартија увезена од Шведска која ги исполнува бараните стандарди на Европската Унија.

Компанијата поседува КААС цертификат за квалитет и екологија.

Сопственик на Бег Пејпер е господинот Фатмир Емини кој со основањето на компанијата се вратил да живее и работи во Република Македонија од Репиблика Хрватска.