Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Арбен Абдурамани

Име на компанија

Везе Шари

Сопственик

Арбен Абдурамани

Живинарската фарма Везе Шари и капацитетот за производи на пилешко и говедско месо со седиште во село Требош-Тетово се мешовити капацитети во кои како основач покрај домашниот инвеститор се јавува и германски инвеститор Lecker.

Фармата во 2002 година е изградена на површина од 35 000 метри квадратни од кои под објекти се 14 000 метри квадратни. Задачата на странскиот партнер во оваа мешовита компанија е грижата за соодветно одвивање на технолошкиот процес, кој е најсовремен модел во живинарството и овозможува производство на свежи јајца со посебен квалитет.

Производството на производи од пилешко и говедско месо се одвива по рецепти на германскиот партнер. Како резултат на тоа се добиваат производи со висок квалитет и посебен вкус кои до крајниот корисник се дистрибуираат спакувани во современа и практична амбалажа.

За одржување на квалитетот на производството Везе Шари во своето работење ги има постигнато стандардите за добивање на цертификатот за примена на HACCP системот, како и највисоките светски стандарди за производство на храна кои се предвидени со цертификатот ISO 22000-2005.

Сопственик на компанијата Везе Шари покрај германската компанија Lecker е и г-дин Арбен Абдурамани кој со започнувањето на овој инвестиционен потфат од Република Германија се враќа во Република Македонија.

Развојните планови на компанијата е максимално искористување на производните капацитетите и пробив на нивните производи како на домашниот пазар така и на пазарите  во регионот.

 

Тел

+ 389 44 368 750

Факс

+ 389 44 368 740

Веб страна

www.vezesharri.com.mk

E-mail

info@vezesharri.com.mk