Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Нагиб Фејзи

 

Име на компанија

Касеифицио Цесарина

Сопственик

Нагиб Фејзи

Во 2002 година во село Беловиште-Гостивар е отварен погон на италијанската компанија Касеифицио Цесарина во сопственост на г-дин Нагиб Фејзи. Дејноста на компанијата е производство на деликатесни млечни производи, како и пакувано млеко и јогурт.

Производниот асортиман го сочинуваат следните видови сирења: Моцарела од кравјо пастеризирано млеко, Моцарела Силано-за пици, Каприно-тврдо козјо сирење, Пепекорино-тврдо сирење со буковец, Пепенеро-сирење со црн бибер, Преземоло-сирење со магдонос и Олива-тврдо сирење со маслинки. Во производната програма се влучени и специјални сирења како што се: Чиоколадо-тврдо сирење со чоколадо, Кафе-специјално сирење со вкус на кафе, Пекорино афумикато-тврдо димено овчо сирење, димени видови на кашкавал и други видови на бели сирења.

Во 2004 во производството се применети ISO стандардите.

Млечната индустрија Касеифицио Цесарина за своето работење ги има добивано следните признанија:
2004 година Признание за најдобра компанија во општина Гостивар
2004 година Прво место на Фестивалот за вино и сирење одржан во Охрид
2005 година Прво место на манифестацијата Златно сонце, доделена од страна на министерството за економија на Македонија
Истата година повторно им се доделува првата награда на Фестивалот за вино и сирење одржан во Охрид
Во 2006 година, сопругата на сопственикот г-дин Нагиб Фејзи, г-ѓа Гзиме Фејзи добива Плакета за најуспешна жена бизнисмен во Република Македонија доделена од Амбасадата на САД

 

Тел

+ 389 42 366 363