Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Мирјана и Васо Аврамовски

Име на компанија

Мак Викинг

Сопственици

Мирјана и Васо Аврамовски

Компанијата Мак Викинг е застапник на повеќе дански фирми специјализирани за производство на пластични производи. Од нив централно место завзема компанијата Labotek која е производител на машини и постројки за индустријата на пластични производи. Компанијата застапништвото освен во земјата го проширува и во поранешните Југословенски републики, Бугарија и Албанија.

Покрај ова компанијата својата дејност ја насочува и кон развој на туризмот и угостителството.  

Во живописното планинско село, Девич во окoлината на градот Македонски Брод на површина од 7 500 метри квадратни компанијата Мак Викинг гради современ пансион по европски стандарди со капацитет од 15 соби, ресторан со 50 места и отворена тераса за 15 гости. Секоја соба располага со купатило, телевизор, интернет. За затоплување на објектот се користи систем на парно греење. Во рамките на комплексот има кампинг простор каде може да се сместат 80-100 кампери.

Чистата и недопрена еколошка средина и здравата природна околина дава особен импулс за развој на селскиот туризам во целиот крај. Гостите за време на својот престој може да се рекреираат на атрактивната велосипедска патека во близината на ранчот или да отидат на рекреативен риболов. Исто така може да го посетат локалитетот Девини кули, малите живописни места Самоков, Белица, Бушева чешма и пештерата Пешна кои ја надополнуваат убавината на овој предел.

Посетителите имаат можност да учествуваат во бербата и собирањето на тутун, лековити билки, шумски растенија и печурки, како и градинарски култури кои се одгледуваат во бавчите на месното население. Тука може да се купат јајца од ној, квалитетно сирење, домашно припремени зимници и разни видови на слатко.

Компанијата Мак Викинг е во сопственост на брачниот пар Мирјана и Васо Аврамовски. Тие по четириесет години живеење и работа во кралството Данска одлучиле да се вратат во Македонија и заработениот капитал да го вложат во родниот крај.

 

Тел

+ 389 45 275 606

Факс

+ 389 45 275 605

Веб страна

www.makviking.com.mk

E-mail

makviking@t-home.mk