Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Цветко Карески

Име на компанија

Мексико Кафе

Сопственик

Цветко Карески

Компанијата Мексико Кафе е формирана во 1991 година во Битола. Во прво време компанијата се занимава со увоз и трговија на угостителски апарати и печено кафе.

Во 1996 година компанијата гради објект наменет за преработка и пакување на печено кафе.

Производствениот погон е сместен во хала со големина од 500 метри квадратни во која се сместени современи машини за автоматско печење и пакување на кафе. Магацинскиот простор е со големина од 200 метри квадратни, а канцеларискиот простор завзема површина од 160 метри квадратни.

Најголемиот дел од производството отпаѓа на Espresso kafe и тоа под брендот Мексико бар, Мексико гранд бар, Паолино ројал. Мал дел од производството отпаѓа на традиционалното турско кафе кое се пакува во 100, 200 и 300 грама под име Мексико минас како и Мексико филтер кафе во 300 грамско пакување. Кафето претежно се пласира во угостителските објекти низ Република Македонија.

Компанијата Мексико Кафе дневно произведува еден тон кафе. Во производството е имплементиран HACCP системот за безбедна храна.

Сопственик на Мексико Кафе е господинот Цветко Карески кој работејќи во Италија доаѓа до идеја да ја формира компанијата вложувајќи во неа над 550 000 евра.

Во развојните планови на Мексико кафе се предвидува зголемување на асортиманот на производи со воведување на нови видови кафе. За нивна реализација потребно е да се набават машини за пакување на новиот производен асортиман.

 

Тел

+ 389 47 286 633
+ 389 47 286 226