Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Џелал Јакупи

Име на компанија

Мирипласт

Сопственик

Џелал Јакупи

Фирмата Мирипласт се занимава со производството на пластични производи наменети за автомобилската индустрија.

Производниот процес се одвива во хала изградена на автопатот Тетово-Гостивар во која е сместен машинскиот парк составен од 13 современи машини. За контрола на квалитетот на производите компанијата располага со сопствена лабораторија.

Производниот асортиман го сочинуваат регистарски табли, држачи за табли наменети за Европската Унија, автомобилска галантерија наменета за возилата на Ауди, Шкода, Мини Морис, како и пластични производи за електроиндустријата. Годишното производство изнесува над милион парчиња разновидна палета на производи од кои најголемиот дел е наменет за извоз. Производството на Мирипласт е наменето за познати купувачи од Германија, Италија, Швајцарија, Полска и други земји.

Контролата на квалитетот на производите е според стандардот ISO 9001 : 2000 во сите фази на процесот на производство.

Основач и сопственик на компанијата Мирипласт е г-дин Џелал Јакупи кој познавањата за овој бизнис ги стекнал работејќи во Швајцарија.

 

Тел

+ 389 42 800 307

Факс

+ 389 42 286 824

Веб страна

www.miriplast.com.mk

E-mail

miriplast@gmail.com