Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Шефки и Ѓенан Идризи

Име на компанија

Ренова

Сопственици

Шефки и Ѓенан Идризи

Во 1992 година во село Џепчиште-Тетово е основано услужното трговско претпријатие во областа на градежништвото Ренова. Во почетокот претпријатието се бавело со увоз на сите видови готови малтери од Австрија. Поради големата побарувачка на овие производи во 1997 година, е изграден првиот производствен капацитет наменет за производство на Ренофикс малтери со капацитет од 25-30 тона на час. Покрај оваа фабрика, Ренова за производство на Ренофикс малтери има изградено капацитети во Албанија и Косово.

Производите на Ренова се со висок квалитет запазувајќи ги пропишаните стандарди. Компанијата располага со цертификат за квалитет ISO 9001-2000.


Производите се пласираат во Република Македонија а добар дел се извезува во балканските земји
.

Сопственици на компанијата Ренова се господата Шефки и Ѓенан Идризи, кои со нејзиното основање од Швајцарија се вратиле во Република Македонија.

Браќата Идризи во Република Македонија покрај во производство на сув малтер имаат инвестирано и во други бизниси во Република Македонија.

Во фабриките на Ренова денеска работат над 300 работници. Ренова има основано фондација за стипендирање на 94 студенти со што обезбедува сопствен стручен кадар за натамошен развој на бизнисите.

 

Тел

+ 389 44 351 051

Факс

+ 389 44 333 006

Веб страна

www.renova.com.mk

E-mail

renovelur@renova.com.mk