Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Митко и Ване Бојчеви

Име на компанија

ШИК Плачковица

Сопственици

Митко и Ване Бојчеви

Компанијата ШИК Плачковица е основана во 1960 година, која со тек на годините се развила во модерна фабрика за преработка на дрво.

Годишно компанијата преработува 7000 – 8000 м3 букова граѓа. Производниот асортиман го сочинуват производи од парена бука, сушена и несушена бука, високо квалитетни и високо калорични брикети за греење, дрвени сандаци, дрвени палети, паркет и слично.

Компанијата располага со пилана која има две производни линии од кои едната е за сечење на дрвата и втора за парење и сушење на дрвото.

Линијата за сечење е со капацитет од 45-50 м3 за 8 часа, а погонот за сушење располага со простор за парење на дрвото од 20 м3 како и компјутеризирана сушара со капацитет од 120 м3 поделена во три еднакви независни делови.

Покрај ова производниот капацитет на ШИК Плачковица го сочинува и погон за производство на паркет со капацитет од 280 м2 за 8 часа.

Како суровина за производство се користи бела букова граѓа како и букови трупци. Во компанијата се вработени 86 лица.

Како доминантен акционер во ШИК Плачковица АД се јауват господата Митко и Ване Бојчеви кој живеат и работат во Америка.

 

Тел

+ 389 32 630 157

+ 389 32 635 157

Факс

+ 389 32 635157

+ 389 32 635948

Веб страна

www.sikplackovica.com.

E-mail

contact@sikplackovica.com.mk