Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

   
 

 

Димитри Секуловски

 

ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ    

Име и Презиме
Димитри Секуловски
Место на живеење
Victoria, Australia

 
 
 

ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА

 

Име на компанијата
Energy safe electric
Адреса
PO Box 1041, Epping MDC
Victoria 3076, Australia
Телефон
Факс
+ 61 3 9469 2268
+ 61 3 9462 0772
Web adress
E-mail
Лице за контакт
Димитри Секуловски
Дејност
Електро индустрија

 
Energy safe electric е компанија која работи во областа на електрониката односно во одржувањето на постојан квалитет на електричната енергија како двигател на постројките при нивното работење, истовремено обезбедувајќи заштеди во потрошувачката на енергија. Во своето работење компанијата е фокусирана на обезбедување на висок квалитет на своите производи и високо професионално ниво на услугите кои им ги пружа на своите клиенти. При тоа превзема целосна одговорност кон очекувањата на потрошувачите од нивната соработка. Анализите на енергетските параметри во компанијата се засноваат на 30 годишно искуство насекаде во светот. Како резултат на истите компанијата на своите клиенти им нуди отстранување на причините за: предвремено амортизирање на опремата, прекини на електрична енергија, губење на дата базите на електронските уреди, високи сметки за потрошена електрична енергија, промени во волтажата, можен електро шок и слични проблеми.
Дејноста на  Energy safe electric е продажба на производи за намалување на потрошувачката на електрична енергија. Истите се дизајнирани за долг век на употреба и се произведени од материјали кои се со висок квалитет и од водечки производители во светот. Тие им се исплатуваат на потрошувачите, преку намалениот месечен трошок за потрошена електрична енергија. Мотото на производите на компанијата е: „Заштедувате повеќе отколку што плаќате за нашата услуга“. 
Energy safe electric нуди услуги за проверка на постојаниот квалитет на опремата од аспект на правилно трошење на електричната енергија. Преку своите услуги компанијата овозможува:идентификување на изворите на моментални високи промени во јачината на струјата, напонот, паѓање на волтажата и препорачува решенија за нивно отстранување; инфрацрвена термографска проверка;  проверка на заземјувањето на електричната енергија заради сигурност на опремата и луѓето.
Управител на компанијата е Господинот Димитри Секуловски чиј пристап кон работата е постојан развој и пронаоѓањето на нови услуги и производи кои на стопанствениците им овозможуваат посигурно и поекономично работење. Ваквиот пристап кон бизнисот овозможува постојан раст на компанијата Energy safe electric.