Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Зак Миленковски

ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ

Име и Презиме
Зак Миленковски
Место на живеење
Melbourne, Australia

 
 
 
 
 
 
 
 
ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА

Име на компанијата
Globaltainment Pty Ltd
Адреса
PO Box 7142
Melbourne 3004, Australia
Телефон
+ 61 3 9918 2606
Факс
+ 61 3 9395 9890
Web adress
E-mail
Лице за контакт
Ко-сопственик: Зак Миленковски
Дејност
Продажба на забавни апликации за мобилни телефони

 
Globaltainment Pty Ltd е иновативна австралиска компанија која е специјализирана за забавни апликации за мобилни телефони (Mobile Entertainment). Ко-сопственик и извршен директор на компанијата е македонскиот иселеник Зак Миленковски.
Компанијата е пионер во развојот на забавни апликации, услуги и други мобилни технологии во Австралија и делот од Азија кој излегува на Пацификот.  Компанијата е докажан и признаен издавач кој постојано го развива и усовршува овој вид на бизнис. Фокусот во работењето на  компанијата е ставен на снабдување со водечки иновативни апликации и додатоци за мобилни телефони. Главни производи и услуги кој ги дава компанијата се мобилните портали SMS, MMS, игри, полифони мелодии, 3G, i-mode, on-line и други.
Globaltainment Pty Ltd има направено значителна инвестиција во набавка на најновата опрема “Avatar” која претставува основа за целокупните комуникациски услуги “Chat” и “Daiting”.
Globaltainment Pty Ltd е на добар пат да ги оствари своите цели да биде глобален снабдувач на мобилни забавни апликации на водечките мобилни оператори во светот.

Компанијата има две главни претставништва во Австралија и тоа во Сиднеј и во Мелбурн, а главната лабораторија за развој се наоѓа во Кина.