Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Мајк С. Зафировски

 

Мајк Зафировски е претседател и главен извршен директор на Нортел, светски лидер во иновативни комуникации и услуги што овозможуваат трансформација на бизнисот во светот.Откако се вработи во Нортел, во ноември 2005 година, Зафировски ја продлабочи светската бизнис експертиза со воведување одржливи бизнис подобрувања што ја изградија компаниската иновативна сила преку нови технологии кои носат единствени нивоа на персонализација, сигурност и мобилност во комуникациите.

Зафировски (52г), е ветеран со 30-годишно искуство, со импресивно светско искуство кај двата најголеми светски иновативни корпорации – Џенерал Моторс и Моторола.

Пред сегашната позиција во Нортел, тој беше претседател и главен оперативен директор на Моторола, од јули 2002 до февруари 2005, каде беше клучен играч водејќи до повторното појавување на компанијата на полето на иновациите, пораст на акциите и значителна профитабилност на сите шест бизниси. Зафировски влезе во Моторола во јуни 2000 година, да го води бизнисот со мобилни апарати, кој за време на неговото раководење ја врати профитабилноста и го зголеми пазарниот дел преку воведување на постоечки нови производи и кампањата за Мото брендирање.

Пред неговата раководна улога во Моторола, Зафировски помина 25 години во Џенерал Електрик, вклучувајќи 13 години како претседател и главен извршен директор на пет бизниси во индустриските, финансиските услуги и осигурителни бизниси. Пред тоа, тој имаше бројни главни позиции во финансискиот, ревизорскиот, маркетиншкиот и стратешко/бизнис развој на разновидните бизниси на Џенерал Електрик.

Зафировски дипломирал математика на Универзитетот Единбург во Пенсилванија каде бил капитен на фудбалскиот и пливачкиот тим на колеџот. Во 2002 година Универзитетот Единбург му додели на Зафировски титула почесен доктор на науки. По потекло од Македонија, Зафировски во 2004 го доби Елис Ајленд Медал на честа.

Зафировски е член на Бордот на директори на Боинг. Како активен член на граѓанските и бизнис организации, Зафировски членува во неколку професионални, образовни и непрофитни бизнис организации, вклучувајќи ги Канадскиот Совет на Извршни Директори, Економскиот Клуб на Чикаго и Македонскиот Културен Центар. Тој и неговата сопруга Робин се претседавачи на Родителскиот Совет на Универзитетот Дјук. Имаат три сина.