Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Иванчо Ивановски

 

ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ

Име и Презиме
Иванчо Ивановски
Место на живеење
Wayne, New Jersey, U.S.A.
Година на емигрирање
1987
Место на раѓање
Скопје, Република Македонија

 
ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА

Име на компанијата
Fast-Pak Trading, Inc.
Адреса
70 Outwater Lane, New Jersey, U.S.A.
Телефон
+ 1 973-925-1111
Факс
+ 1 973-925-1117
Web adress
E-mail
Лице за контакт
Иванчо Ивановски
Дејност
Трговија со прехрамбени производи

 
Fast-Pak Trading е основана од страна на македонскиот иселеник Иванчо Ивановски во 1991 година. На самиот почеток компанијата во соработка со македонските фабрики започнала со увоз на машински делови. Со текот на годините компанијата почнува постепено да се трансформира. Прво од компанија за увоз на машински делови се транформира во компанија за увоз на деликатеси од источна Европа, за потоа да инвестира во изградба на фабрика во Република Македонија за преработка на свежо овошје и зеленчук. Во оваа фабрика господинот Иванчо Ивановски има инвестирано во производната линија Va-Va за преработка на зеленчук и производство на ајвар. Fast-Pak Trading денес е застапник на производите Va-Va во Соединетите Американски Држави каде овие производи постепено стануваат многу популарни. 
Компанијата располага со голем магацин лоциран во New Jersey, неколку камиони, 10 вработени и разни артикли увезени од Република Македонија и источна Европа.

Понатамошните активности компанијата планира да ги насочи кон проширување на асортиманот на производи и нивно пласирање на постоечкиот пазар како и освојување на нови пазари.