Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Мајк и Мариан Илич

Име и Презиме
Мајк и Мариан Илич
Место на живеење
Detroit, Miami, USA

 
ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА

Име на компанијата
Ilitch Holdings
Адреса
Fox Office Centre
2211 Woodward Avenue
Detroit, Mi 48201, USA
Телефон
+ 1 313 983 6600
Web adress
E-mail
Лице за контакт
Директори: Мајк и Мариан Илич
Дејност
Холдинг - Угостителство, Трговија, Услуги, Спорт

 
Ilitch Holdings е основана во 1999 година од страна на македонските иселеници Господин Мајк и Госпоѓа Мариан Илич. Овој Холдинг како семејтво на компании е отворен со цел да им служи на другите бројни компании кои се предводени од семејството Илич.
Во рамките на Холдингот работат единаесет компании кои се водечки брендови во прехрамбената индустрија, спортот и индустријата за забава:  Little Caesars, the Detroit Red Wings, the Detroit Tigers, Olympia Entertainment, Uptown Entertainment, Blue Line Foodservice Distribution, Champion Foods, Little Caesars Pizza Kit Fundraising Program, Olympia Development и MotorCity Casino Hotel.

Холдингот е предводен од професионален и високо обучен тим кои работат во одделенијата за финансии, односи со јавноста, право, човечки ресурси, архитектура и информационата технологија. Целта на сите вработени организирани во тимови по одделенија е да допринесуваат за успехот на сите компании преку креирање на политики и процедури за подобрување на продуктивноста, зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците во работењето.