Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Симон Кисковски

Др. Симон Кисковски е роден во село Долно Дивјаци, Крушевско. Како студент на трета година на Филолошкиот факултет во Скопје заминува на усовршување во Париз. На парискиот универзитет завршува информатика. Се вработува во информативниот центар на фабриката за автомобили „ Рено„ во Париз. Овде работи до крајот на седумдесеттите. Потоа работи во фирмата „Томсон„ како директор за интерна информатика.

Во 1983 година ја основа фирмата „Мак систем„ на чие чело е и денес. Во изминатите години компанијата покрај седиштето во Париз, низ светот има отворено редица филијали. Основна дејност на компанијата е информатички инжинеринг, со свои софтверски решенија е присутен во преку 60 земји во светот. Медицинскиот и друг софтвер на компанијата е инсталиран кај над 4500 корисници.

Во јуни 1989 година основана е филијалата во Скопје, која има вработено преку 50 инжинери од Македонија.