Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Христо Петрески

 

ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ

Име и Презиме
Христо Петрески
Место на живеење
Melbourne, Victoria, Australia
Година на емигрирање
1989
Место на раѓање
Прилеп, Република Македонија

 

ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА

Име на компанијата
Pexim Australia Pty. Ltd.
Адреса
88 Merola Way, Australia
Campbellfield, Vic. 3061,
Телефон
+61 3 9357 9222
Факс
+61 3 9357 9549
Web adress
E-mail
Лице за контакт
Христо Петрески
Дејност
Машинско инженерство

 
Pexim Australia Pty. Ltd. е основана во 1991 година како компанија за машинско инженерство која дава висококвалитетни услуги на производната индустрија. Главен менаџерски директор на Pexim Australia Pty. Ltd. е македонскиот иселеник Христо Петрески.
Компанијата е лоцирана на површина од 1.500 м² опремена со целосно компјутеризирана современа опрема и машинерија и кадар од 25 високо обучени професионалци. Доказ за квалитетот во целокупното работење и производство претставува имплементираниот сертификат за квалитет ISO 14001.
Главните активности на компанијата се насочени кон проекција, производство, монтажа и автоматизација на специјални постројки и машини, челични конструкции, манипулатори, инсталација на роботи и слично. Главни и најголеми клиенти на Pexim Australia Pty. Ltd. се Ford, Holden, Kodak, Toyota, Boeing, Air International, Durr Ecoclean, Johnson Matthey и други успешни светски компании.
Pexim Australia Pty. Ltd. е добитник на награда од Hume City: Business Award for Inovative and Dynamic Contributor to Hume Economy 2009.

Развојот и оствареното високо реноме на Pexim се резултат на стремежот за задоволување на различните барања и предизвици на клиентите. Највисоките приоритети на компанијата се насочени кон перманенто усовршување и висок квалитет на производите и усугите, со конкурентски цени.