Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Орде Миткоски

 

ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ

Име и Презиме
Орде Миткоски
Место на живеење
Preston, VIC, Australia

 

 

ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА

Име на компанијата
Taipan footwear
Адреса
40-42 Swanston ST Preston, 3072
P.O. box 8233 Northland centre, 3072
Телефон
+ 61 3 9480 0199, + 61 3 8480 4906
Факс
+ 61 3 9484 0677
Web adress
E-mail
Лице за контакт
Орде Миткоски
Дејност
Производство на чизми

 
Taipan footwear се занимава со производство на чизми во Австралија од 1962 година. Денес македонскиот иселеник Орде Миткоски е влијателен партнер во фабриката за производство на чизми Taipan footwear.
Во 1972 година со цел да се задоволат потребите за борбени цели на Австралиската канцеларија за Одбрана, компанијата го имплементира Австралискиот стандард за квалитет на производство AS/NZS 2210 – 3.
Во 1996 година Taipan footwear инвестира во нова модерна машинерија за производство на револуционерни DRD обувки (dual density rubber, обувки чии ѓонови имаат двојна густина). Резултатите од оваа инвестиција се забележуваат уште во 1998 година кога компанијата станува светски лидер со иновативна технологија во индустријата за производство на чизми.
Примарната цел на компанијата е да произведува висококвалитетни производи кои се во согласност со регулаторните барања на чевларската индустрија, задоволувајки ги барањата на потрошувачите. За таа цел Taipan го имплементира стандардот за квалитет ISO 9002. Компанијата располага со квалификуван персонал, но со цел да се биде во чекор со новите стандарди и барања на пазарот врши континуирано инвестирање во современа опрема и технолоија вршејки обука и усовршување на вработените со нови вештини .
Taipan footwear произведува чизми за широка потрошувачка, но примарните активности се насочени кон производство на чизми за специјални единици како што се чизми за пожарникари, полиција, војска, градежништво и други.