Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Кире Печенковски

 

ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ

Име и Презиме
Кире Печенковски
Место на живеење
Ontario, Canada

                           
ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА

Име на компанијата
K.P. BRONZE
Адреса
16 Allaura boulevard
Aurora, ON, L4G 3S5, Canada
Телефон
+ 1 905 727 8706
Факс
+ 1 905 841 1070
Web adress
E-mail
Лице за контакт
Сопственик: Кире Печенковски
Дејност
Металургија

 
K.P. BRONZE е основана во 1971 година од страна на македонскиот иселеник Кире Печенковски, кога тој бил единствен вработен и ги извршувал сите оперативни активности а вкупниот годишен капацитет изнесувал 40.000 единици. Во наредните години компанијата доживува рапиден пораст со дневен капацитет на производство од 40.000 единици.

 

K.P. BRONZE низ годините разви свој иновативен процес на леење наречен “Finitecast”, процес преку кој од структурата на тенки гранулати се добива структура односно легура која е непорозна  карактеризирана со голема густина. Компанијата е опремена со сопствена лабораторија во која се тестира хемискиот состав на легурите.
Мисијата на компанијата која ја води кон континуиран раст е „Нашата филозофија е да понудиме флексибилни услуги со цел да им ги задоволиме желбите и потребите на купувачите“. Како лидер во оваа индустрија K.P. BRONZE е секогаш чекор понапред од конкурентите. Успехот се должи на придржувањето кон принципите за напорна работа, професионален персонал, задоволство на клиентите, иновативност, ценење на вредноста на парите и квалитет. Целта на компанијата е преку овие принципи кои се отсликани во квалитетот на производите да се стекне целосна доверба кај купувачите. 
Квалитетот на производите е гарантиран со повеќе сертификати за квалитет и тоа MUST, AQSR и ISO 9002.94 а исто така компанијата е членка на Canadian Copper & Brass Development Association.
Компанијата ги опслужува производителите на бронзени производи со: кукишта за лагери, хидраулични цилиндри, делови за водовод, цилиндри и вентили, делови за автомобилска индустрија, делови за железница, делови кои се користат во рударство, челични производи, делови за јахти, млинови и слично.