Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Сузан Ничковски

 

ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ  

Име и Презиме
Сузан Ничковски
Место на живеење
Ontario, Canada

 
ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА

Име на компанијата
Summer Fresh Salads Inc.
Адреса
181 Sharer Road
Woodbridge, ON L4L 8Z3, Canada
Телефон
+ 1 905 856 8816
Факс
+ 1 905 856 9298
Web adress
E-mail
Лице за контакт
Сопственик: Сузан Ничковски
Дејност
Производство на салати и специјалитети

 
Summer Fresh Salads е основана во 1991 година од страна на македонскиот иселеник Сузан Ничковски во Онтарио, Канада. Согледувајки ги случувањата на пазарот и потребата на народот во Канада, Госпоѓата Сузан Ничковски се одлучува да основа компанија за производство на свежи гурмански специјалитети кои ќе бидат достапни во супермаркетите. Само после неколку недели активност производството започнало рапидно да се шири.
Денес Summer Fresh Salads располага со 5.850 м² производствен простор во кој е имплементиран стандардот за квалитет во производството НАССР и е постојано надгледуван од канадскиот инспекторат CFIA. Summer Fresh Salads располага со современа опрема за производство која има систем за заштита на животната околина од загадување. Во рамките на компанијата постои и лабораторија во која се врши микробиолошко испитување на производите. Во компанијата работи персонал од над 100 лица.

Заради задоволување на потребите на потрошувачите компанијата го има воведено системот за производство и дистрибуција “Just in Time”. Summer Fresh Salads како своја трговска марка има заштитено две фрази и тоа: “Food is Fashion” и “Summer Fresh is Fresh”. Компанијата производите ги дистрибуира низ САД и Канада.