Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Нагиб Фејзи

 

ПОДАТОЦИ ЗА БИЗНИСМЕНОТ   

Име и Презиме
Нагиб Фејзи
Место на живеење
Roma, Italy, Europe

 
ПОДАТОЦИ ЗА КОМПАНИЈАТА

Име на компанијата
Caseficio Cesarina
Адреса
Via Della Cesarina 212
00139 Rome, Italy
Телефон
+ 39 0641 400 685
E-mail
Лице за контакт
Сопственик: Нагиб Фејзи
Дејност
Производство на млечни производи

 
Caseficio Cesarina е реномирана италијанска млекарница предводена од истакнатиот македонски иселеник Нагиб Фејзи. Имено, Господинот Нагиб Фејзи на самиот почеток бил вработен во млекарницата Caseficio Cesarina каде на своето работно место многу брзо напредувал. Во 1996 година Господинот Нагиб Фејзи се одлучува да ја откупи млекарницата Caseficio Cesarina. Млекарницата врши производство на висококвалитетни млечни производи кои се дистрибуираат низ цела Италија. Најистакнат производ на Caseficio Cesarina е сирењето Моцарела. Во склоп на млекарницата има и фарма со 400 грла крави.
Производството во млекарницата се одвива со современа и целосно автоматизирана опрема. Заради задоволување на стандардите и производство на квалитетни производи, во млекарницата целосно е имплементиран системот за квалитет во производството НАССР.

Caseficio Cesarina континуирано остварува неповратен успех. Во 2002 година Господинот Нагиб Фејзи се одлучува да инвестира во Република Македонија во отворање на фамилијарен бизнис за преработка на млеко Caseficio Cesarina.