Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Кире и Дана Глабочки


Компанијата The Broadloom Mart Ltd. од Торонто, Канада, е приватна сопственост на Кире и Дана Глобочки, и се занимава со трговија на големо на теписи, како и нивна дистрибуција и монтажа.

Ова е семеен бизнис кој егзистира од 1971 година, во кој се вклучени и нивните синови со семејствата, а по потреба се ангажира персонал и до 20 лица.

The Broadloom Mart Ltd. има развиено односи со потрошувачите и со другите компании на локално и меѓународно ниво. Купува теписи од Персија, Кина, Индија, Белгија, Франција, Англија, Ирска, САД, Мексико и други.

Во 1985 година, при обиколката на фабриките за теписи во Дебар и Делчево, односно асортиман на производи од овие краишта, како и од Стружанка од Струга требаше да се воспостави соработка со цел да се претстават во Канада. Но, законската регулатива во тоа време не овозможи да се воспостави и конкретна соработка.

Опремувањето со теписи е направено во бројни објекти ширум Канада, а неодамна се поставени теписи во еден од најистакнатите забавни локалитети во светот „Театарот на Принцезата од Велс“ во Торонто, во кој се подготви светската премиера на филмот „Господар на прстените“. Пред две години опремена е големата црква „Св. Климент Охридски“ во Торонто.

Менаџери на компанијата се Дана и Кире Глобочки. Г-ѓа Дана по потекло е од Преспа – Македонија. Во 1964 г. Таа со своето семејство се преселила во Канада, каде се образува во колеџот Шо за бизнис и сметководство, и многу млада започнува да работи во светскиот банкарски бизнис.

На 18-годишна возраст станала раководител во Одделот за големо компании во Банката во Монтреал во центарот на Торонто, каде успешно работела долга низа години. Нејзиното знаење, извонредната преговарачка способност и пријателското однесување резултира со неверојатен промет во сопствената компанија. Таа спаѓа во една од 100 најдобри натпреварувачи – учесници на тендери и наддавања, кои потенцијалните клиенти ги паметат. Оваа посветена и елоквентна личност во бизнисот може да биде лидер кога е тоа неопходно и секогаш тимски играч. Компанијата на семејството Глобочки беспрекорно ги услужува своите клиенти повеќе од 30 години.

Превземено од „МАРИЛИ“

Подготвила Д. Ангелова