Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници политичари

Стеван Козмевски

Стеван Козмевски е градоначалник на мелбурншката општина Витсли која опфаќа неколку населби и приградски места и брои над 170 000 жители. Стеван Козмевски претставува гордост на големиот број иселеници од Македонија кои живеат и работат во оваа општина. Истите се организирани во повеќе иселенички организации: двете црковни општини, Св. Ѓорѓи од Епинг и Св. Петка од Мил Парк, фудбалски клуб ,,Лајлор Слога“ „КУД Светлост“ „КУД Танец“, двојазичното училиште ( англиски и македонски јазик), „Лајлор Прајмари Скул“ медиумот „Денес“ „Битолски клуб“ и многу други организации чии членови очекуваат и се надеваат дека преку македонскиот градоначалник нивниот глас погласно ќе се слуша.

Козмевски со своите родители заминал во Австралија на седумгодишна возраст уште во далечната 1965 година. Татко му Атанас е со потекло од Средно Егри, а мајка му Кристина од Присојани-битолски села. По преселбата во Австралија Козмеви живееле во Ричмонд а подоцна во 1969 година Стеван Козмев се преселил во Томастаун. Денес има две деца Елизабет и Дејвид. За првпат е избран за општински претставник во 1997 година.