Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници политичари

Бил Саравиновски

Бил Саравиновски е првиот Македонец што станал градоначалник на општина во Австралија. Роден е во Битола а на четири годишна возраст со фамилијата се иселниле во Сиднеј, Австралија. Денес, на 48 години е градоначалник на Рокдејл и е оженет со македонка од Кочани и имаат 2 сина кои го познаваат мајчиниот јазик.

На 15 годишна возраст Бил Саравиновски се зачленил во Лабуристичката партија и  во 1995 година станал градоначалник. Во 2006 година го добил вториот мандат, а третиот минатата година. Покрај тоа што е градоначалник на општина од 100 000 жители, истовремено е и заменик претседател на Кинеската заедница во Сиднеј.