Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

Игор Јанев

Игор Јанев е роден 1964 година во Белград , Србија.  Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1994 година, а пост-докторски студии завршил во САД (Вашингтон, Шарлотсвил и Медфорд - Харвард) во дисциплините на Мегународната политика и Мегународното право. Член е на неколку престижни мегународни здружениа за Мегународното право и мегународните односи, мегу кои се ASIL и ACUNS. Д-р Игор Јанев е и член на Њујоршката Академија на науките (NYAS). Од 2000. година Игор Јанев е вработен во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисокота научна титула Научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград).

                Во македонските историски движења познато е дека д-р Игор Јанев беше Специјален советник на Министерот за надворешни работи во 2002 година. Во научните анализи од 1998-та година за легалитетот при приемот на Македонија во ООН открил кршење на Повелбата на Обеднинетите нации. Овој исклучителен научен придонес е објавен во списанието со највисок научен рејтинг во правните науки American Journal of International Law. Ставовите на Игор Јанев ги презентираше и македонскиот претседател Георге Иванов на 67-то Генерално собрание на ОН во 2012-та година, кога го искажа ставот дека при приемот на Македонија во ООН Република Македонија беше условена со два дополнителни услови надвор од пропишаните според Поевелбата на ОН. Имено таквите услови, посебни за македонскиот прием, се противни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ),според Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда (од Хаг) од 1948 година, во кој се искажува ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можаат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата.

                По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија (РМ) со нелеганите дополнителни услови, Игор Јанев предложи стратегија за решавање на проблемот со името во ОН, која има два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поагајки од Советодавното мислење на Мегународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија.  Имено, прифакајки ги ставовите на Мегународниот суд од 1948, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), Јанев покажа дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајки ја референцата односно деноминацијата"theformer Yugoslav Republic of Macedonia "). Вториот модел е правната варијанта во која Јанев предлага еден мегу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Мегународниот суд за правда, слично како 1947, за тоа дали се специфични услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавното мислење на Мегународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата "theformer Yugoslav Republic of Macedonia ", и преговорите за името се нелегани, при прифакањето на таквото мислње од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).

                Ставовите на Игор Јанев се прифатени во научната периодика во светските научни списаниа. Покрај American Journal of International Law (AJIL) ставовите на Јанев се објавени и во Review of International Affairs, Political Review и во други мегународни списаниа.

                Игор Јанев објавил над 150 научни трудови пред се во мегународни списаниа надвор од Македонија, како и 17 книги и монографији од областите на Мегународната политика, надворешената политика и на Мегународното право и организации. Мегу другото, Игор Јанев е и основач на Релационистичко-дијалектичка теорија во општата Онтологија (Филозофија). Основното филозофско прашање на постоењето е идентификувано како: Одкаде се што постои? Јанев доби соодветно решение на ова филозофско прашање со преформулацијата во форма: Одкаде се што постои , во однос на Ништо? Со негација на овој парадокс, поставувајки прашање Во који услови вакво прашање е нелогично?, Јанев покажа дека еден од двата аспекта е нужно невозоможен односно дека полот означен како Ништо е невозможен. Решението е најдено во нужната релација мегу Ништо и (спротивно на тоа ) Нешто, кои се во системска врска. Како што заклучил Јанев, од ова произлегува дека основната релација е пофундаментална од елементите односно половите на која било релација. Ова филозофска концепција е и основа на новата релационистичка теорија на мегународните односи, која ја застапуава Игор Јанев.