Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Ирена Којкова Пејовиќ

 Родена во Гевгелија 1981 година, Македонската графичарка Ирена Којкова Пејовиќ, по завршувањето на средно-уметничкото училиште “Лазар Личеноски“ во Скопје заминува во Соединетите американски држави, каде, како што самата вели: -....да излезе од `кожурецот` подготвена да го открие својот внатрешен уметнички и естетски глас.

Во Америка го продолжува образованието на Montclair State University каде се здобива со BFA диплома за графичар во 2003 година.

Последната изложба на графики во Галеријата “МС“ во Њујорк под наслов “Јадро“ ги покажува нејзините обиди да најде начин да се ослободи од потребата да го контролира крајниот резултат и да внесе повеќе спонтаност во неа: - Тоа го постигнав во мојата најнова серија “Јадро“, и многу повеќе. Кога фигурата, апстрахирана, престанува да биде фигура? Колку таа мора да биде апстрахирана за да стане метафора, дел од нешто големо? Се прашував себеси додека работев во ателјето. Серијата “Јадро“ ми го одговори тоа – вели Ирена Којкова Пејовиќ.

Ирена Којкова Пејовиќ живее и работи во Кранфорд, Њу Џерси.