Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Марија Кичевска

 Марија Кичевска е македонска балерина со европска кариера. Кичевска подолг период живее надвор од родната земја. Во 2002 година добива ангажман во Националната опера во Визбаден, Германија и таму работи пет години.
Во 2006та година освојува две значајни признанија: наградата за заслуги „Роберт Џефри“ на Интернационалниот балетски натпревар „Џексон“ во Сад и бронзен медал на натпреварот во Варна, Бугарија.
Натпреварот „Џексон“ се одржува секоја четврта година и важи за еден век балетска олимпијада на која учествуваат балетски играчи од цел свет. Оваа награда („Роберт Џефри“) е посебно признание кое е многу вреднувано во балетскиот свет.
Нејзините успешни настапи може да се забележат во претставите „Дон Кихот“, „Заспаната Убавица“ и „Оревокршачка“.
Почетоците во балетското образование се основите на руската балетска школа се додека не замине на запад, каде се запознава со западната балетска школа. Нејзината професорка во тој период, Англичанката Вивијан Логар е претсавничка на кралската балетска школа, а воедно за време на нејзината активна балетска кариера работела и со прочуениот Рудолф Нуреев. Со професорката Логар има работено пет години и внесе промена од рускиот стил во западна школа, односно микс од руска и западна школа.