Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Горан Стефановски

 Горан Стефановски е роден во Битола на 27 април 1952 година.  Живее и работи во Лондон,  Англија. По професија е драмски писател, а завршил Филолошки Факултет во Скопје, отсек  англиски јазик и книжевност. Студирал на Театарската Академија на Универзитетот во  Белград каде магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата  на Семјуел Бекет“.
Од 1986 година е професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје.  Член е на Македонскиот ПЕН центар и член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979  година а од 2004 година е член на Македонската академија на науките и уметностите.
Добитник е на многу награди, меѓу кои позначајни се: „Стале Попов“; „11 Октомври“,  „Стериина награда“ – два пати, „Војдан Чернодрински“ – шест пати.
Од неговото богато творештво, позначајни се : „Диво месо“ – драма од 1979 година, ХИ-ФИ  драма 1982 година, „Дупло дно“ драма од 1983 година, „Бушава азбука“ ТВ – драма од 1985  година, „Тетовирани души“ – драма од 1985 година, „Црна дупка“ – драма од 1987 година,  „Зодијак“ – либерто (балет) од 1990 година, „Сега му е мајката“ – едночинка од 1995  година, „ ЕХ –ЈУ“ – едночинка од 1996 година и „Демонот од Дебар Маало“ – драма од 2006  година.