Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Иван Поповски

 Дипломира и магистрира на отсекот за режија на Руската академија за театарска уметност (ГИТИС) во Москва, во  класата на проф. Пјотр Фоменко (1993). Живее и работи во Москва.
Селективна театрографија (сите претстави се на руски јазик, освен ако не е поинаку назначено): Авантура (Казанова)  од Марина Цветаева (Работилница на Пјотр Фоменко, Москва, 1991); Вајарот на маски од Кромелинк (Независна трупа на  Ала Сигалова, Москва, 1992); Бања од Мајаковски (на англиски јазик, Феникс-ансамбл, Њујорк, САД, 1993); Панаѓур од  Блок (Театар на Европа, Париз, 1994); Евгениј Онегин од Чајковски (Лилска Опера, Франција, 1994); Фауст и Елена од  Ј. Јурченко (на француски и на руски јазик, фестивалска премиера, Авињон, Франција, 1997); Цар Емилијан Пугачов од  Пушкин, Есенин (Петтиот театар, Омск, Русија, 1998); Фауст и Елена (на француски јазик, Мобеж, фестивалска  премиера, Кретеј, Франција, 1999); Хотел Европа од Горан Стефановски (режисер на Руската соба - Свадбено патување,  фестивалска премиера, Виена, 2000); mASEDOINE-Одисеја 2001 (на македонски јазик, фестивалска премиера, Охридско  лето, Охрид, 2001); Дневникот на лудиот од Николај Васиљевич Гогољ (на албански јазик, фестивалска премиера, Млад  отворен театар (МОТ), Скопје, 2001).
Награди: Награда на театарската критика: Авантура - настан на годината (Москва, 1991/92); Награда на критиката за  најдобра претстава вон конкуренција на Фестивалот Контакт, за претставата Авантура (Торуњ, Полска, 1993); Гран- при  на Фестивалот БИТЕФ (Белградски интернационален театарски фестивал) за претставата Авантура (Белград, 1997); Според  рејтингот на московските театарски критичари направен за Независен весник претставата Авантура е една од десетте  најважни продукции во модерниот руски театар (1996); Претставата Авантура е вклучена на енциклопедискиот ЦД-ром:  Најважните театарски настани во Русија во последните 50 години.
2005:
Москва, Русија: премиерна постановка на  операта Војна и мир од Сергеј Прокофјев.
Москва, Русија: премиерна постановка на  претставата Таму каде што не сум бил.