Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Зафир Хаџиманов

 Зафир Хаџиманов е роден 25.12. 1943. во Кавадарци, Македонија. Гимназија и музичко  училиште завршува во Скопје, каде ги прави првите професионални чекори во светот на  уметноста. Дипломирал во Белград, (Драмска уметност во 1967година, со одличен успех), каде  живее до ден денес.
По завршените студии ПОВРЕМЕНО, но успешно игра на театарските сцени во Белград, Нови  Сад и др.
Хаџиманов е познат кантавтор на шансони, односно пеење на поезија и има компонирано  повеќе шансони и балади на стихови од многу антологиски поети, меѓу кои Блаже Конески,  Ацо Шопов и Радован Павловски.
Сам, или во тандем со својата сопруга Сенка Велетанлиќ има снимено десетина тонски  носачи, ТВ програми и настапувал на повеќе концерти низ светот пеејки на концерти во  СССР, САД, Канада Австралија, Франција, Германија, Куба и др.
Паралелно со сценското и музичко творештво  пишува и објавува поезија на македонски и  српски јазик: „Шансони на хартија“, „ Песот пејачка “ ( Повелба СТРАЖИЛОВО за  најдобра книга на поезија во 1984. ). Автор е на текстот, стиховите и музиката на  првиот македонски мјузикл „ Ало будење “.
Во Февруари 2002. ја доби НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО од скопското Радио БУБА МАРА, а  2003. во Нови Сад добива НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО од гласовите на гледачите ТВ ЈЕСЕЊИН,  а 2006. наградата ЗЛАТНА МАСКА за ширење на македонската култура низ светот.