Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Благица Дафовска

 Благица Дафовска е родена во село Бабино, Демир – Хисар. Завршува Педагошка академија, група македонски јазик и литература, во Битола. Денес со своето семејство живее во Торонто, Канада, каде што се преселува далечната 1970 година. Речиси триесет години работи како наставник во македонското црковно училиште „Св. Климент Охридски“, а воедно работи и како преведувач. Во 1994 година Дафовска е еден од иницијаторите за формирање на македонско одделение во училиштата во кои македонскиот јазик е застапен во „Интернационален јазичен програм“ каде и денес работи во училиштето Диефенбакер.
Дафовска е автор на поетската збирка „Ноќ во Канада“, а од која е извадена песната: „Болештина во Бабино“ и под истиот наслов секоја година се отвараат Бабинските средби во нејзиното родно село.
Добитник е на многубројни награди и признанија меѓу кои и од „Обединети Македонци“ од Торонто.