Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Зоран Поповски

Зоран Поповски е роден во Скопје во 1974 година. Сега живее и работи во Хонг Конг – Кина.
Поповски е трансдисциплинарен уметник со 50 изложби, проекции и фестивали, во Австрија, Бугарија, Канада, Куба, Франција, Ирска,  Германија, Италија, Холандија, Македонија, Турција, Русија, Словенија, Шпанија, Обединети Арапски Емирати, САД.
Зоран Поповски ги истражува прашањата на лиминалноста, идентитетот и јавниот простор преку дигитални слики, перформанси, видеа  фотографија и инсталација. 
Уметноста бара јавен простор и без постоење на јавната сфера не би имало уметност како јавен дискурс. Јавниот простор е клучот  на можноста на постоење на слободниот говор. Слободата на јавно искажување преку уметнички перформанси води кон слобода на јавно  искажување на своите ставови и кон демократија на општеството.
Учествува на разни проекти, помеѓу кои: МНР во Нови медиуми (Австрија), Уметнички колонии: СВА (Њу Јорк) Вулу, (Берлин), ПНЦА  (Портланд ОР).
Примател е на ЦИК Артслинк стипендии во Њујорк, а се појавува и како автор е на повеќе книги меѓу кои и за уметник, „интервенции  во јавниот простор“.