Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Драгица Димовска

 Драгица Димовска, родена е во с. Долно Оризари, Битолско во 1948 година. Средно и вишо образование завршува во Битола. Од 1981 година живее во Торонто, Канада. Од 1982 до 1990 година работи како наставник по македонски јазик во неделните училишта на „Организацијата Обединети Македонци“, во Торонто и во неделното училиште на македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ исто така во Торонто.
Димовска е и еден од основачите на асоцијацијата: „Macedonian Children Relief Found“ каде беше и претседател од нејзиното формирање во 2001 година па се до 2010 година.
Автор е на збирката песни: „Средба во сонот“, а нејзините песни се објавувани  и во неколку заеднички збирки песни што ги издава „Браќа Миладиновци“ и во весникот „Македонија“ што излегува во Торонто.
Од 1998 година па се до денес е уредник и водител на македонското – патриотско радио „Обединета Македонија“.