Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Зоран Лозевски

 Зоран Лозевски е Македонец кој живее и работи во Сиднеј, Австралија како режисер. Тој има поставено неколку драми во Австралиско - Македонскиот театар во Сиднеј. По дипломирањето Лозовски работи во театарот св. Филип како сценски менаџер и одржува турнеја низ  источниот брег на Австралија. Ова го работи од 1992 – 1997 година. Пред доаѓањето во Австралија, во Македонија работел како  помошник директор на Битолскиот народен и драмски театар.
Своето образование го завршува на Универзитетот во Вололонг.
Од 1998 до 2001 година работи како хонорарен технички директор во разни театарски компании. По 2004 година работи како организатор  на настапи и управување со проекти низ Австралија. Има режирано неколку драми, а меѓу најпознатите е драмата „Страв и срам“ од  Душан Ристевски. Со оваа драма настапил на Сивик театрот во Хурствил, Сиднеј.
Друга позначајна драма што ја режирал во соработка со Стефо Нанцу е драмата „Раскол“ од Душан Ристевски. Раскол е сатира исполнета  со хумор и пораки преку кои се промовира националната свест и поттикнува братољубие и живеење во хармонија во македонската  заедница. Ова е драма која ќе им се допадне на луѓето на сите возрасти.