Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Русе Иљоски

Играчките од Киндер јајцата се прават во Пехчево

За Киндер јајцата на Фереро знаат сите. Но колку знаат дека дел од играчките што се ставаат во нив се произведуваат во Македонија, во компанијата Мактоис? Деталите за ова во интерју за поратлот Бизнис инфо ги открива извршниот директор на Мактоис, Русе Иљоски.

Тој вели дека привот обид за соработка со италјанската компанијата се случил во 2001, но заради конфликтот, Фереро ја одложувале одлуката.

„По нашата презентација поминаа добри пет години. Во 2006 добив повик, ме викнаа на состанок и ми кажаа дека се посериозно заинтересирани. Во октомври истата година дојдовме заедно во Македонија, да видат што е и како е. По 10 дена ни побараа локација со нивни предуслови. Го обезбедивме и тоа. Ни дадоа специјален водич по кој мораме да се држиме, нивни стандарди, правила на игра. Сепак, ова се третира како исхрана, затоа што “жолчките” после доаѓаат во директен контакт со чоколадото. Конечно, на крајот на октомври ни дадоа зелено светло да почнеме со доопремување на објектот по нивни стандарди. Тоа го завршивме за нешто повеќе од еден месец. На 14 декември 2006 стартувавме со првите парчиња играчки. Првата задача што ни ја дадоа беше за Нова Година да им испорачаме еден камион. Во рок од една недела примивме 100 луѓе за работа. Мораше се да се изработи беспрекорно, сепак првата пратка ќе биде “под радар”. Беше доста напорно, затоа што имавме краток рок, се соочувавме со нешто ново што до тогаш не сме го работеле, но успеавме, на 26 декември го испорачавме првиот камион. До март не држеа во неизвесност, но потоа потпишавме и до ден денес напредуваме во работата“, вели Иљоски за Бизнис инфо.

Тој објаснува дека освен некои калапи и форми што се специфични и кои им ги испраќаат од Италија целокупната инвестиција е на Мактоис.

Во Пехчево се работи ем брзо ем квалитетно, а и пазарот е блиску што ја прави земјава поконкуретна од Кина.

„Ние сме брзи и експедитивни, можеме и имаме капацитети да испорачаме брзо. Кина има проблем со далечината. Контејнерите патуваат најмалку 40 дена. И да ги изработат Кинезите брзо нарачките, додека да стигнат, нив им требаат најмалку 50 дена, а ние можеме да одговориме за една недела. Тоа е предноста зошто можеме да бидеме пред Кина, според мое мислење. Секако, при изборот влијаат и други фактори, како на пример цената и квалитетот“, вели Иљоски.

Мактоис работи претежно за европскиот пазар, со мал дел за Јужна Америка.