Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Слаѓана Богеска

 Слаѓана Богеска, родена е во 1979 година. Живее и работи во Рим – Италија. Нејзиното творештво се сврстува во новото време односно официјалниот термин за нејзината работа е виџеј. Кусо кажано тоа е визуелен спој на музикатано и просторот.
Богеска има завршено визуелна уметност во Италија, а по завршувањето на студиите останува во Италија да работи како уметник и дизајнер.
Првите контакти со својата работа виџеј ја започнува во 1999 година со својата прва камера и со лап топ и од тогаш се занимава со видеоартот.
Работата на еден виџеј може да биде од кореографија на една обична сцена, концерт или пак на цела симфонија, но може и за во театар. Богеска има работено на разни музички сцени, најчесто на техно музика, односно со разни диџеи.
Една од позначајните соработки на Слаѓана е со композиторот Фернандо Корона – Муркоф со кој имале повеќе од 15 настапи на фестивали на електронска музика и уметност. Има работено и со Саша Нојдек, Џузепе Прадена и Зив Џејкоб.
Постојан резидент виџеј е на организацијата „Фимејл кат“ од Рим.