Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Роланд Уруци

 Роланд Уруци е роден во Дебар, а сега живее и работи во Њујорк – САД. Својата актерска кариера ја започнува со скеч групата  „граунд зиро“ која подоцна (2001) се преименува во „капење со тостери“. Скеч комедијата му е прва отскокна штица,покрај актерството  да се занимава и со продукција и сценарио. Негова прва претстава која ја напишал и продуцирал е претставата „Покана за брак“ која  беше поставена на театарската сцена во Њујорк. Претходно има играно и во други театарски претстави меѓу кои „Слободна девојка“ и  други. Во актерските води навлегува во своите триесетти години како страстен љубител на глумата и театарот. Љубовта кон театарот  ја наследува од братучед на татка си (Кемал Ајдини) кој бил познат актер во поранешните југословенски простори. Роланд Уруци сака  да се врати во Македонија и желба му е еден ден сопствената претстава да ја прикаже пред македонската публика.