Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Роберт Глигоров

 Роберт Глигоров е роден во Крива Паланка и уште како дете заминал од Македонија во Италија. Глигоров е уметник кој живее и работи  во Милано, а се школувал во тамошните ликовни академии. Има пооставено неколку изложби, а најпозната му е на саемот на уметнички  дела во Италија „Миарт“, во Милано. Таму тој ги има изложувано сопствените уметнички дела на друга изложба (манифестација) „Фиера Милано Сити“, каде беа застапени само двеста најдобри галерии. Помеѓу нив Роберт Глигоров ги  презентираше и своите дела. Покрај оваа изложба има одржано сопствена изложба во Њујорк. Глигоров одржа и соло шоу кое се состоеше од два  портрета на авторот премачкани во црна боја, фотографија на црна и бела птица под наслов „Чинија полна колумбиум за Г. Стив Џоб“ и  скулптура на срце со мртви цвеќиња кои никнуваат од артериите како симбол на негирањето на нашите алтруистички чувства. Роберт  Глигоров има изложување и во Македонија, а за првпат тоа го направил во 1996 година.
Неговото огромно уметничко портфолио вклучува дизајн, глума, видеа и музика. Има играно во десетина филмови меѓу кои „Оргиите на  Калигула“ од Лоренцо Онорати, и „Делириум“ од 1972 година. Сепак од 1996 година е посветен исклучиво на уметноста. Во неговото  портфолио е и дизајнот на омот за албумот на Стинг.