Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Рејмонд Спасовски

 Рејмонд Спасовски е исклучителен и брилијантен канадски пијанист со македонско потекло. Роден е во Македонија, а потоа во 1970  година се сели во Канада со своите родители, кои исто така се музичари. Уште од мали нозе, Рејмонд го избрал пијаното како  придружник во неговата музичка кариера.
Роден е во Битола, а детството го поминал во Скопје, каде што започнала неговата љубов кон пијаното. На 10 годишна возраст го  одржал својот прв настап со Македонската Филхармонија.
Освен во Канада има настапувано на престижни концерти ширум светот во повеќе европски земји, како и САД, Нов Зеланд и Куба. Во  неговата музичка биографија присутни се настапите со: Симфонискиот оркестар од Торонто, Симфонискиот оркестар на Нов Зеланд,  Симфонискиот оркестар од Монтреал, Симфонискиот оркестар од Мисисауга, а исто така и Симфонискиот оркестар од Кингстон.
За важен (критичен) момент во неговата кариера се смета настапот со оркестарот од  Сао Карлос (Лисабон, Португалија), кој го  одведе на дебитантски настап во Лондон во 1983 година во театрот  Sadler's Wells , на годишниот Jacqueline du Pré Gala концерт.  Реакциите беа одлични и настапот го привлече вниманието на Sir John Pritchard, музички директор на Royal Opera House, Covent  Garden и извршен продуцент на симфонискиот оркестар на BBC. Во март 1984та, Спасовски се враќа да настапува со Sir John Pritchard  во Orchestre de L'Opéra National во Антверп и Брисел.
По овие настапи следат настапите во Торонто во 1984та година во Roy Thomson Hall  каде што настапува под диригенска палка на  светски реномираниот диригент Maestro John Lanchbery.
Во 1986та повторно одржува настап со Maestro John Lanchbery, заедно со оркестарот National Arts Centre од Отава. Потоа следи  турнеја од 17 концерти во Нов Зеланд со Симфонискиот оркестар на Нов Зеланд.
Во 1992ра година Спасовски дебитираше со Симфонискиот оркестар на Монтреал, диригиран од Maestro Charles Dutoit. Понатаму следат  настапи во Кингстон, Онтарио, Торонто, соло настапи во Европа и САД. Во 1995та одржува голем концерт во во Куба, Хавана.
Во 2002ра настапува во Мисисауга со „Гершвиновата рапсодија во сино.“
Во 1985та година Спасовски се здобива со наградата Младински медал од Онтарио, а за достигнувањата во во 1991ва се здоби со  награда за второ место на престижниот Интернационален натпревар во чест на Моцарт одржан во Квебек.