Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Пол Александар Јутилаинен

 Пол Александар по потекло е Македонец, а Израснал во Данска. Се занимава со продукција на документарни филмови. Се  има докажано како успешен режисер, продуцент и монтажер, пред се на полето на документарниот филм. Својата работа ја реализира  преку „Дефакто Фикшн Филмс“, која ја има основано. Неговото резиме го исполнуваат повеќе документарни наслови меѓу кои, „Нилскиот  Коњ“ на Херберт, „Живот според дизајн“, „Разговор со Мани Фарбер“, како и серијалот „Во фокус“. Неговиот постојан дом засега се  наоѓа во Калифорнија. Работата на Пол Александар е повеќекратно наградувана меѓу кои ги издвојуваме шест Еми награди од  Академијата за телевизиска уметност и наука, како и единаесет Еми номинации. Десет Telly награди, награда од Канскиот филмски  фестивал за филм мејкер во подем. Бронзена плаката „Колумбус“ - Интернационалниот филмски фестивал. Исто така има освоено прва  награда за документарен филм УФВА – филм и видео фестивал.
За Македонија е запознаен преку неговата баба која му спремала македонски традиционални јадења. Во Македонија има доаѓано неколку  пати во 80тите и 90тите години од минатиот век кога престојувал кај семејството на неговата баба во Неготино. Во иднина планира да  направи филм за Македонија и за Балканот.