Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Милена Арсовска

 Милена Арсовска е познат македонски сопран, која живее и работи во Виена, Австрија. Има дипломирано на Факултетот за музичка  уметност (ФМУ), Скопје, во класата на професор Билјана Јакимовска и своето образование го продолжува кај повеќе реномирани  професори меѓу кои и кај Оливера Милјаковиќ, Клаудија Виска и Мирела Паруто. На сцената на МОБ, дебитира со епизодна улога на  овчарче во „Тоска“, каде што подоцна како млад солист има изведено неколку солистички улоги. 
Има настапувано на музички фестивали во Австрија, Германија, Италија и Шпанија. Исто така има настапувано со разни еминетни  музичари, а еден од позначајните настапи е онаа во Карнеги Хол со Дуке Бојаџиев, во Њујорк.