Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Милчо Манчевски

 Милчо Манчевски е роден на 18 октомври 1959 година во Скопје. Студира Историја на уметност и археологија на Филозофскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а дипломира на Факултетот за филм и фотографија на универзитетот во Јужен Илиноис во 1983 година.
Милчо Манчевски ги режира и продуцира филмовите: „Пред дождот“ во 1994; „Прашина“ во 2001; „Сенки“ во 2007, „Мајки“ во 2010
Добитник е на разни награди и признанија. Добива награда „Златен лав“ за филмот „Пред дождот“, за најдобар филм на фестивалот во Венеција во 1994 година. „Сребрен кондор“ награда за најдобар филм од странско говорно подрачје во 1996.
Манчевски е автор и на повеќе од 50 кусометражни филмови, документарни филмов, рекламни и музички спотови. Автор е и на книгата „Духот на мајка ми“. Спотот „Тенеси“  е прогласен за најдобар видео запис според американската музичка телевизија и е рангиран помеѓу 100 најдобри видео записи, според магазинот „Ролинг Стоун“.
Во Македонија е добитник  на признанијата „11 Октомври“ во 1995 година, „Мајка Тереза“ за хуманитарна работа и „Амбасадор на културата“ во 2007, од страна на Владата на Република Македонија.