Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Љупчо Кочовски

„Стаклениот“ уметник, Љупчо Кочовски, веќе 35 години во Кралството Шведска дизајнира и гравира.
Школата за стакло ја заврши во Орфорс, а Високата уметничка школа во Стокхолм, Шведска. Работел во повеќе познати стакларници во Шведска.
Како професионалец во својата бранша, Заводот за туризам на Шведска за репрезентација на стакларството во разни земји како Јапонија, Австралија, Германија, Швајцарија и Норвешка, го одбра токму Љупчо Кочовски.


Во најголемите и најпознатите стоковни куќи во разни градови, Љупчо Кочовски го покажуваше своето знаење. Сите тие патувања, изложби и демонстрации низ светот му овозможија успешна уметничка кариера. Неговите кристални продукти се гравираат со голема внимателност, чувство, трпеливост и прецизност, а секој гравиран кристален продукт значи и потпис од „стаклениот“ уметник. Љупчо Кочовски. Неговите производи се барани и ценети во многу земји по светот.
 

Подготвила: Д. Ангелова