Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Марко Георгиев

 Марко Георгиев е познат македонски уметнички фотограф кој живее и работи во Америка. Своевремено има работено за угледниот њујоршки весник  New York Times. Најпозната негова фотосторија е за време на ураганот Катрина каде што беше единствениот фотограф кој успеа да остане во градот за време на бурата. За оваа фотосторија направена за ураганот Катрина двапати влезе во селекцијата за Пулицерова награда, највисоко новинарско достигнување во 2005 и 2010 година.
Најпозната негова изложба се фотографиите за ураганот Катрина која беше поставена во музејот „Огден“ во Њу Орлеанс. На истата изложба беа поканети и други триесет и пет фотографи.
Марко Георгиев се стекнува со диплома „Дипломиран дизајнер“ од Ликовната Академија на Македонија. Во 1999 година добива целосна стипендија за да заврши на студии на универзитетот Рудгерс. Во Македонија има работено како главен фотограф за списанието „Форум“. Во 2007 година Марко Георгиев работи на меѓународно ниво, најчесто за New York Times, од каде што го праќаат во Ирак за да покрива фотографии од тамошни места. Исто така има и дополнителна работа во неколку земји во Европа, како Македонија, Косово, Турција и други.