Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Климентина Јаулеска

 Климентина Јаулеска е родена во Струга 1984та година.
Има дипломирано ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство во класата на прор. Антони Мазневски. По завршувањето на студиите  своето исуство го доградува до Њујорк, САД. Таму завршува студии на факултетот за арт и дизајн при универзитетот „Монт Клер“.
Досега има учествувано на повеќе групни изложби, а има одржано и околу шест самостојни. Ликовниот критичар Небојша Вилиќ за делата  на Јаулеска вели дека таа има стил на јасен и разбирлив говор низ којшто уметничката намера ја искажува посакуваната претпоставена  тема во потполност. „Јаулеска е млада уметничка која допрва го најавува своето доаѓање на уметничката сцена“ – Вилиќ.
Едно од поинтересните дела на Јаулеска е делото „Автопортрет“ кое претставува визуелен склоп од триесет мали платна чии редослед  и форма можат да бидат променливи во зависност од изложбениот простор.