Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Катрина Дро

 Катрина Дро е актерка и модел која е особено горда на своето македонско културно наследство.
Родена е во САД, но по потекло е Македонка. Својата кариера ја започнува како манекенка, но потоа за почнува со актерство. Иако  сега се занимава со двете професии паралелно, вели дека актерството повеќе ја привлекува.
Првиот филм, односно серија, во која има глумено е „Живот на висока нога“ која била во продукција на телевизиската мрежа АБЦ.
Како модел се покажува успешна и при секој избор на убавица, е меѓу првите пет убавици. Студирала масовни комуникации со акцент на  филм во Ариза на истоимениот универзитет. Во овој бизнис за себе вели дека убавината е најважна, па затоа посветува многу време за  себе, затоа што и како модел и како актер, тоа од нејзе се бара.
Нејзиниот најнов филм во кој се појавува како актерка е филмот „Пронајди ме“ кој е драма по жанр.
Катрина своите корени ги зачувува преку традиционалните вредности и преку храната, приготвувајќи македонски рецепти кои и ги  пренела најзината мајка и баба.