Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Ивица Челиковиќ

 Ивица Челиковиќ е македонски писател кој живее и работи во Гетеборг, Шведска. Роден е 1962 година во Скопје. Завршил  интердисциплинарни студии по новинарство во Скопје. Студирал и на Институтот за новинарство и масовни комуникации во Гетеборг,  Шведска. Челиковиќ е член на друштвото на писатели на Македонија од 1990 година, а од 2003 година е член на сојузот на шведски  писатели.
Автор е на книгите „Школки во рацете“ – поезија (1990), „Долги граници до небото“ – поезија, „Метаморфози на патот“ – поезија,  „Зад источната линија“ – роман, „Возови во пајакова мрежа“ – поезија, „Праг и огледало“ – поезија, „Во ѕидот знак“ – поезија.
Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои „Млада Струга“, „Златно перо“ и „Иселеничка грамота“. Исто така преведува  шведска и норвешка литература на македонски јазик. Има преведено петнаесетина дела од познати шведски писатели меѓу кои од Аугуст  Стриндберг, Селма Лагерлев, Хари Мартинсон и други.
Составувач е на антологијата „Македонска поезија“ што во негов превод на шведски е објавена во 2005та година.